Опозицијата протестираше пред Антикорупциската комисија

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Видео: Колку се збогатиле преставниците на власта?

Опозицискиот „Сојуз за иднината“, преводен од СДСМ, денеска одржа протест пред Анти-корупциската комисија и праша колку се збогатиле претставниците на власта за време на мандатот. Опозиционерите јавно ги читаа анкетните листови на претставници на власти и обвинија дека Антикорупциската комисија, наместо да спречува криминал, се претворила во негов заштитник и, како што рекоа, функционира како филијала на режимот.