Несреќа во рудник за јаглен во Русија

Влезот во рудникот во регионот Коми, 11.02.2013

Најмалку 9-мина рудари загинале, а уште 8-мина се страхува дека се затрупани по експлозијата во еден рудник за јаглен во северна Русија, во регионот Коми. Според првичните информации, експлозијата ја предизвикал метан. Рудникот е во сопственост на Северстал, една од најголемите руски компании за производство на челик.