Група евро-пратеници во посета на Македонија

Илустрација

Европратеници, поддржувачи на интеграцијата на Македонија во Европската Унија, од денеска, на покана на министерот за надворешни работи Никола Попоски, ќе престојуваат во дводневна посета на Република Македонија.

Покрај средбата со министерот Попоски, утре, како што е наведено во соопштението од МНР, предвидено е европратениците да остварат средби со претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, со премиерот Никола Груевски, со вицепремиерката задолжена за европски прашања Теута Арифи, како и со пратеници во Собранието на Република Македонија.

Во фокусот на разговорите со европратениците ќе биде напредокот на Република Македонија во исполнувањето на критериумите за членство во Европската Унија, особено во клучните реформски области кои се предмет на интерес за пролетниот извештај на Европската Комисија за Република Македонија.