Номинациите за нов шеф на ЦИА и за секретар за одбрана, под прашалник

Американскиот републикански сенатор Линдзи Грем.

Американскиот републикански сенатор Линдзи Грем се закани дека ќе го блокира гласањето за кандидатите на претседателот Барак Обама за директор на ЦИА и за секретар за одбрана, ако администрацијата не даде повеќе информации за смртоносниот напад врз американскиот конзулат во Бенгази, Либија.
Сенаторот изјави дека ќе ја искористи сенаторската привилегија да се одложи гласањето за кандидатот за директор на ЦИА, Џон Бренан и за кандидатот за секретар за одбрана Чак Хејгел. Тој сака Белата куќа да даде повеќе информации за нападот кој се случи на 11 септември минатата година во кој загинаа американскиот амбасадор и уште тројца други Американци.