Конституиран новиот парламент во Јордан

Јорданскиот крал Абдула II.

Јорданскиот крал Абдула II денеска го означи почетокот со работа на новоизбраниот парламент во земјата. Тој рече дека ќе има улога во изборот на нов премиер, иако согласно реформите, тоа формално треба да го направи парламентот. Кралот Абдула II вети дека ќе продолжи со демократските реформи и го повика парламентот да биде „инкубатор на националниот дијалог“. Најголемата опозициска организација Муслиманско братство ги бојкотираше изборите во Јордан што се одржаа на 23 јануари. На изборите победија независни бизнисмени, племенски водачи и други луѓе лојални на владејачкиот режим.