Прилепски планинари ќе го расчистуваат Трескавец

Педесеттина прилепски планинари утрово тргнаа пеш кон манастирот Трескавец за да ја почнат првата од многуте неделни акции за расчистување на изгорените конаци. Во текот на денов ќе се работи во приземниот дел, за потоа, со втората неделна акција да се постават скелиња за расчистување на катот на конаците. Алатот од ЈП „Комуналец“ е веќе транспортиран во манастирот. Општинското кординативното тело ќе ја надгледува акцијата. Деновиве од Заводот и музеј и јавните претпријатија ја скенираа состојбата и е одредено што може да се расчистува.