Најмалку 15 загинати во сообраќајна несреќа во Чиле

Илустрација.

Најмалку 15 луѓе загинаа, а 19 се повредени во сообраќајна несреќа што се случи денеска во централниот дел на Чиле, пренесуваат локалните медиуми. Автобус полн со патници излетал од патот и паднал во провалија длабока 150 метри во близина на градот Томе. Градоначалникот Лучиано Пара изјави дека повредените се превезени во болница во тешка состојба.