Дачиќ - Србите на Косово најмногу му веруваат на УНМИК

Српскиот премиер Ивица Дачиќ.

Српскиот премиер Ивица Дачиќ разговарал со генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун, при што и двајцата ги осудиле случувањата со манастирот Високи Дечани и оцениле оти мора да продолжи политичкиот дијалог меѓу Белград и Приштина.
Дачиќ, кој престојува во повеќедневна посета на САД, ја нагласил важноста од присуството на ОН на Косово, истакнувајќи дека Србите на Косово најмногу му веруваат на УНМИК и затоа со негодување се следат најавите за можно намалување на нејзините надлежности. Дачиќ претходно се сретна и со американскиот заменик-државен секретар Вилијам Барнс, кој изразил трајна поддршка за европската иднина на Србија