Саакашвили спречен да одржи годишно обраќање

Грузијскиот претседател Михаел Саакашвили денеска мораше да го одложи планираното годишно обраќање, бидеки стотици негови противници го блокираа влезот во Националната библиотека, каде што требаше да говори Саакашвили. Тој сепак ќе и се обрати на нацијата преку телевизија од неговиот кабинет. Вообичаено е претседателот на Грузија да има годишно обраќање во парламентот, но Саакашвили реши да не се обраќа таму бидејки законодавците донесоа одлука да биде одложен неговиот говор поради расправата за уставни измени, што е во тек. Мнозинството во парламентот го има партијата Грузијски сон на премиерот Бидзина Иванишвили. Од кабинетот на Саакашвили сметаат дека зад опструкцијата на претседателското обраќање стои премиерот Ивинишвили.