Експлозија во Митровица, нема повредени

Илустрација

Во северниот дел на Косовска Митровица, во текот на изминатата ноќ експлодирала бомба под автомобил, при што биле оштетени околните фасади, но нема повредени. ПОлицијата изврши увид и трага по сторителите. Пред неколку дена во Косовска Митровица беше фрлена бомба на балкон од куќа на едно српско семејство, при што беа повредени две деца.