Тешки преговори во Брисел за буџетот на ЕУ

Лидерите на Европската Унија во Брисел ја продолжуваат расправата за предлог буџетот за наредните 7 години, а се очекува претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј да го претстави новиот компромисен предлог. Самитот почна синоќа со 6 часовно задоцнување поради несогласувањата меѓу земјите кои бараат драстични кратења и оние што се за поамбициозни расходи. Најкарактеристичен е спорот меѓу Велика Британија и Франција. Лондон бара намалување на расходите, а Париз стимулации за земјоделството и економсиот развој. И во текот на изминатата ноќ имало консултации, но сеуште не е познато дали е постгнат компромис.