Велјановски во Вашингтон на ручек и на средба со дијаспората

Претседателот на Собранието на Македонија, Трајко Велјановски, во рамките на престојот во Соединетите ДРжави, остварил средба со конгресменот Роберт Адерхолд, а потоа присуствувал на ручекот на лидерите, кој беше организиран како дел од активностите на Молитвениот појадок. На ручекот, Велјановски истакнал дека Македонија е земја каде што се почитуваат етничките, културните и верските разлики и земја која има свое име, идентитет и историја, се вели во соопштението од Кабинетот на Велјановски. Во Вашингтон, Велјановски имал средба и со Обединетата македонска дијаспора и со Националниот албански американски совет. Глвана тема биле евро-атланските интеграции, а претставниците на дијаспората истакнале дека има добра волја во Вашингтон да и се помогне на Македонија.