Очекувања за снежна бура во САД

Североистокот на Соединетите американски држави се подготвува за зимска бура. Метеролозите предвидуваат до 60 сантиметри снег. Градоначалникот на Бостон, град за кој се очекува дека ќе биде силно погоден од студениот бран, побара заворање на училиштата и апелираше до граѓаните да не излегуваат на улица. Повеќе од 2.200 летови се откажани од аеродромите во Њујорк, Бостон и Чикаго.