Можни протести во Тунис по убиство на опозиционер

Штрајкови и протести се очекуваат денеска во Тунис за време на погребот на опозициски политичар. Чорки Белаид беше застрелан пред неговиот дом во средата во Тунис. Убиството предизвика протести во главниот град и во други населени места низ земјата. Во четвртокот група демонстранти во Енада запалија штаб на исламската партија на чие чело е премиерот Хамди Џебали.