Одложено гласањето за Хејгел за нов секретар за одбрана

Чак Хејгел.

Американскиот сенатски комитет за вооружени сили го одложи гласањето за предлогот на претседателот Барак Обама за нов секретар за одбрана. Гласањето за номинацијата на Чак Хејгел беше закажано за денеска, но 25 републикански сенатори го блокираа и побараа дополнителни лични финансиски детали за Хејгел. Тие бараат Хејгел да објасни кој ги финансира неговите приватни говори и дали е поврзан со странски донатори. Тој вети дека ќе поднесе оставка во која било организација за која може да се јави сомнеж за конфликт на интереси. Конзервативните пратеници и повеќето републиканци се противат на номинацијата на Хејгел.