Унгарија најави дипломатски мерки против Романија

Архивска фотографија: Марш на етнички Унгарци во Романија.

Унгарија ќе преземе дипломатски мерки во врска со забраната од страна на Романија да се постави знамето на Секуите(етнички Унгарци, кои населуваат три округа во централна Романија) на јавните згради, изјави државниот секретар на унгарското Министерство за надворешни работи Жолт Немет за унгарското државно радио Кошут. Тој додаде дека мерките ќе бидат соопштени во текот на денешниот ден. Унгарија е отворена за преговори со Романија за оваа тема, посочи
унгарскиот претставник, меѓутоа, ја повтори позицијата на унгарското МНР дека Романија е таа што треба да го реши проблемот.