Резолуцијата за Косово помина во Комисијата за надворешна политика на ЕП

Илустрација: Блокади на Србите во северна Митровица.

Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент денеска со големо мнозинство гласови ја усвои финалната верзија на Резолуцијата за Косово, со која се поддржува ставот на Европската комисија дека потпишувањето на договор за стабилизација и асоцијација со Приштина нема да значи прејудицирање на косовскиот статус. Истовремено, во текстот се нагласува дека поделба на Косово не доаѓа предвид, а петте членки на ЕУ кои не ја признале независноста на Косово се повикуваат да го сторат тоа.

Комисијата денеска усвои и Резолуција со која на Србија и се дава силна поддршка во процесот на евроинтеграции, а Европскиот совет се повикува на Белград што поскоро да му одреди датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ, под услов реформите и дијалогот со Приштина да продолжат. Конечното усвојување на резолуциите за Србија и за Косово се очекува на пленарната седница на ЕП на 14 март во Стразбур.