Ставрески - Нема зголемување на даноците додека е ВМРО-ДПМНЕ на власт

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Нема да има зголемување на даноците и додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт ќе се задржи политиката на најниски даноци во Европа, рече вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, на денешната прес-конференција во Скопје. Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече дека парите од кредитот од 250 милиони евра од Дојче банк пред една недела се легнати на државната сметка.