Австралиски спортисти во скандал со дроги

Подобрување на резултатите со помош на дроги е широко распостранета појава меѓу професионалите и аматерските спортисти во Австралија. Тоа е главниот заклучок на едногодишното владино истражување, објавено денеска во Канбера. Министерот за внатрешни работи Џејсон Клер оцени дека наодите се „шокантни“за австралиските навивачи. Владината комисија открила дека во употребата на забранети супстанци, освен спортисти, биле вклучени и научници, тренери, лекари, но и организираниот криминал кој бил задолжен за дистрибуција на дрогите.