Ахмадинеџад повика на стратешки сојуз со Египет

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад за време на посетата на Египет ја повика земјата да формира стратешки сојуз со Иран. Ахмадинеџад ги обвини надворешните сили дека не им дозволуваат на двете земји да се приближат. Ахмадинеџад е првиот лидер на Иран кој по триесет години го посетил Каиро.
Двете нации ги прекинаа односите во 1979 година, кога започна Исламската револуцијаво Иран и кога беше потпишан мировниот договор меѓу Египет и Израел.