Кери-САД нема да се повлечат од светската сцена

Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери вети дека САД нема да се повлечат од светската сцена, поради буџетските ограничувања или сложените глобални предизвици.
Тој изјави дека бил посветен на работата за постигнување на мир, но и дека ќе ја брани земјата, нејзините вредности и идеали од екстремистичките и терористичките закани.