САД загрижени поради апсењето азербејџански опозиционери

Протест во Баку во знак на солидарност со протестите во Исмаили.

Американската амбасада во Баку изрази загриженост поради апсењето на двајца опозициски лидери во Азербејџан. Заменик претседателот на опозициската партија Мусави Тофик Јакублу и претседателот на движењето РЕАЛ Илкар Мамадов се соочуваат со високи парични казни и до три години затвор ако бидат прогласени за виновни. Тие се обвинети во врска со неодамнешните масовни протести во градот Исмаили. Илјадници жители на градот на 23 јануари излегоа на протести барајќи оставка од гувернерот на областа при што беше запалена неговата резиденција, неколку автомобили и еден мотел. Двајцата обвинети политичари дојдоа во Исмаили наредниот ден и ги повикаа локалните жители на граѓанска непослушност.