Незадоволни лозари и денеска го блокираа патот Прилеп-Велес

Илустрација.

Лозарите од Тиквешијата денеска четири часа, од 12 до 16 часот, го блокираа патот Прилеп - Велес кај клучката во Росоман. Тие трет ден протестираат барајќи да се поништи продажбата на винарската визба Винеа и да се исплати долгот за предаденото грозје. Велат дека се незадоволни што досега никој од надлежните не посветил внимание на нивните барања.