Претседателот Иванов го кани грчкиот претседател на средба

Претседателот Ѓорге Иванов се сретна со новиот шеф на грчката Канцеларија за врски во Македонија Теохарис Лалакос.

Македонија е подготвена за јакнење на соработката со Грција и е отворена за средби, размена на мислења и ставови, истакнал претседателот Ѓорге Иванов на денешната средба со новиот шеф на грчката Канцеларија за врски во Македонија Теохарис Лалакос.

Во тој контекст Иванов повторно упати покана за средба со претседателот на Република Грција, Каролос Папуљас, соопшти Кабинетот на претседателот по средбата.

Длабоко сум убеден дека со тоа, ние, како први луѓе на двете соседни земји, ќе дадеме значаен придонес во нашата заедничка визија за регионална стабилност и просперитет, како и за заедничката сегашност и иднина во големото европско и евроатлантско семејство, истакнал македонскиот претседател.

Иванов изрази очекување дека за време на мандатот на Лалакос, дипломатско претставување во двете земји ќе биде подигнато од канцеларии за врски во амбасади.