Грчки земјоделци протестираат со бесплатно делење 50 тони овошје и зеленчук

Архивска фотографија: Протест на грчките земјоделци.

Големи редици луѓе од изутринава се формираа пред зградата на грчкото министерство за земјоделство во Атина, каде производителите и трговците бесплатно поделија 50 тони овошје и зеленчук на невработени, семејства со повеќе деца и пензионери.

Иницијативата на фармерите е во знак на протест против високите трошоци за производство на земјоделски производи, пишува весникот „Етнос“.

Земјоделците делат и летоци со нивните барања. Тие бараат повеќе субвенции за намалување на цените на горивата и исплата за надминато производство.