Во Тунис убиен лидер на опозициска партија

Тунис - архива

Лидерот на туниската опозициска партија „Обединета Демократска, Национална Партија“ Чокри Белаид е убиен денеска во главниот град Тунис.
Неговата сопруга за туниското радио изјави дека тој бил застрелан кога излегувал од домот со два куршума. Белаид беше критичар на исламската партија Енахда која доминира во владата. Според него, луѓе најмени од Енахда го нападнале седиштето на неговата партија за време на состанок во саботата.
Портпаролот на владата го осуди убиството за кое мотивите засега се непознати.
Во Тунис, две години по арапската пролет со која од власт беше остранет Зине Ел Абидине Бен Али, и натаму има социјални и верски тензии.