Грчките новинари штрајкуваат и денеска.

Советот на уредници од дневните весници во Атина објави дека донесле одлука за нов 24-часовен штрајк од денеска до утре изутрина.
Во штрајкот учествуваат новинари од националното радио и телевизија, атинската информативна агенција, главниот секретаријат за медиуми, локалните радио-станици како и во телевизискиот канал на парламентот.
Во соопштение се наведува дека „продолжува борбата за потпишување колективни договори“ и оти тоа се однесува на сите медиуми од државниот и приватниот сектор.