Обама апелира да биде избегната фискалната бездна на 1 март

Претседателот на САД Барак Обама ги повика американските законодавци да постигнат договор за да бидат избегнати автоматските буџетски кратења на 1 март предвидени со таканаречената „фискална бездна“ која беше одложена на крајот на 2012.
Со „бездната“ се предвидува кратење на трошоците во САД за 10 проценти и зголемување на даноците за 600 милијарди долари.
Обама изјави дека, доколку нема договор до 1 март, Конгресот би требало да усвои барем помал план за трошоците и даночните реформи.