Самит на Организацијата за исламска соработка во Каиро

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад синоќа беше пречекан од претседателот на Египет, Мохамед Морси. Во исто време, врховниот египетски сунитски свештеник го предупреди да не им се меша на сунитите. Ахмадинеџад и претставници на повеќе од 50 други држави денеска ќе присуствуваат на самитот на Организацијата на исламската соработка во Каиро.
Тој е првиот претседател на Иран кој го посетил Египет по повеќе од 30 години, кога односите беа прекинати откако Египет постигна мировен договор со Израел.
Сепак, Ахмадинеџат бил предупреден дека Иран не треба да се меша во државите предводени од сунити или пак да ги малтретира иранските сунити.
Посетата на Ахмадинеџад се совпаѓа со протестите од страна на демонстрантите кои се против поддршката на Иран за сириската влада.