Белата куќа во одбрана на беспилотните летала

Белата куќа ја одбрани употребата на американските беспилотни летала со цел да се убијат осомничени терористи на Ал Каеда, дури и ако тие се американски државјани кои не биле осудени од судот. Портпаролот на Белата куќа Џејмс Карни изјави дека овие напади се законски, етички и мудри."
Соопштението дојде по откривањето на меморандум на одделот за правда во кој пишува дека високи претставници може да наредат убиство на осомничени терористи, вклучувајќи Американци, дури и ако не постои јасен доказ дека одреден напад врз американските интереси ќе се одржи во блиска иднина. Во документот се вели дека американски државјанин може да биде цел, ако истиот "неодамна" бил вклучен во "активности", кои претставуваат можна закана.
Критичарите ја обвинија администрацијата на Обама за злоупотреба на власта.