Ранет претседателски кандидат не сака одложување на изборите во Ерменија

Претседателот Серж Саркисијан во посета на ранетиот против-кандидат Параир Хаирикиан во болница во Ереван на 1 февруари 2013 година.

Ерменскиот претседателски кандидат Параир Хаирикиан, кој беше ранет при обид за атентат минатата недела, денеска изјави дека нема да бара од Уставниот суд да ги одложи изборите закажани за 18 февруари. Тој во петокот рече дека поради здравствената состојба може да го искористи правото да побара одложување на претседателските избори за две недели. Хаирикиан е еден од осумтемина кандидати на изборите на кои се очекува да победи актуелниот претседател Серж Саркисијан. Хаирикиан се смета за еден од аутсајдерите на изборите.