Осомничените силувачи пред судот во Њу Делхи

Во Њу Делхи е во тек судскиот процес против 5-мината осомничени за силување на 23-годишната девојка, која потоа почина. Сведочи нејзиниот другар, кој бил претепан од осомничените и сеуште е во инвалидска количка. Доколку обвинувањата бидат докажани, осомничените можат да се соочат и со смртна казна. Случајот со ова силување, во Индија предизвика масовни протести на кои беше барана поголема заштита на жените.