Вељановски се сретна со Бан Ки Мун

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски вчера во Њујорк се сретна со генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун. Вељаноски по средбата изјави дека главни теми на разговор биле процесот на разговори со Грција за надминување на спорот за името на Република Македонија, кој се води рамките на Обединетите нации, како и соработката меѓу Македонија и Обединетите нации во повеќе полиња. Тој истакна дека на средбата му се заблагодарил на Бан Ки Мун за неговиот активен и клучен придонес за придвижувањето на разговорите за решавање на спорот за името.