Временска прогноза - сончево

Денеска не очекува сончево и релативно топло време за овој период од годината но во одделни котлини ќе има појава на магла. Утринската температура ќе се движи од минус седум до минус еден, а дневната од осум до 16 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно сончево, но во утринските часови ќе има услови за појава на утринска магла. Утринската температура ќе се спушти до минус четири, а дневната ќе се искачи до 10 степени.

Во среда ќе преовладува променливо облачно време. Во западниот дел од државата ќе има услови за локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Во четврток се очекува земјава повторно да биде под влијание на влажен бран од Медитеранот од кој се очекуваат пообилни врнежи од дожд, а на планините од снег. Кон крајот на денот и в петок од север ќе се спушта постуден воздух, односно ќе има заладување, а врнежите на повеќето места ќе поминуваат во снег, но интензитетот ќе се намалува.