Аврамопулос - Впечатливо го намаливме државниот долг

Грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос.

Грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос денеска уверуваше дека неговата земја е одлучна да продолжи со „својот план за смели реформи“ и посочи дека Грција веќе постигнала „забележителен напредок“, пренесоа агенциите. Впечатливо го намаливме нашиот државен долг, изјави Аврамопулос по средбата со својот француски колега Лоран Фабиус.