Пожарот во манастирот Трескавец ставен под контрола

Манастирот Трескавец.

Пожарот што попладнево го зафати манастирот Трескавец е ставен под контрола, но се уште не е изгаснат. Според Центарот за управување со кризи во Прилеп, на теренот се и пожарот го гаснат три хеликоптери на АРМ, прилепската противпожарна единица, едно возило од битолската противпожарна единица, како и од јавните претпријатија. На апелот на Центарот за управување со кризи за помош веќе се одзвале 200 прилепчани и жители на околните населени места.

„Нема опасност за црквата Успение на пресвета Богородица која е во центарот на манастирскиот комплекс, но конаците не можеа да се спасат“, изјави
портпаролот на Центарот, Влатко Котески.