Борг - Пушачите се товар за грчката економија

Архивска фотографија: Еврокомесарот за здравство Тонио Борг.

Еврокомесарот за здравство Тонио Борг смета дека бројот на пушачите во Грција е многу голем и дека тие претставуваат товар за грчката економија.

„Фактот дека во Грција 40 отсто од жените се пушачи, претставува проблем кој треба да се разгледа“, предупреди Борг.

Пушењето ја намалува продуктивноста, што се одразува на целата економија на една земја, рече еврокомесарот, додавајќи дека тое е проблем во цела ЕУ, каде пушачите денес претставуваат 29 отсто од населението.

Еврокомесарот за здравство во ноември минатата година рече дека продажбата на цигари секоја година ги зголемува даночните приходи на земјите-членки на
Унијата за повеќе од една милијарда евра.