Азеребејџански опозиционери обвинети за организирање протести

Градот Исмаили по протестите.

Двајца опозициски лидери во Азербејџан се обвинети за организирање масовни немири. Заменик претседателот на опозициската партија Мусави Тофик Јакублу и претседателот на движењето РЕАЛ Илкар Мамадов се соочуваат со високи парични казни и до три години затвор ако бидат прогласени за виновни. Нивните адвокати изјавија дека судењето ќе почне наскоро. Обвинувањата се во врска со неодамнешните масовни протести во градот Исмаили. Илјадници жители на градот на 23 јануари излегоа на протести барајќи оставка од гувернерот на областа при што беше запалена неговата резиденција, неколку автомобили и еден мотел. Двајцата обвинети политичари дојдоа во Исмаили наредниот ден и ги повикаа локалните жители на граѓанска непослушност. Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите.