Светски ден на борбата против ракот

илустрација

Денеска е Светски ден на борбата против ракот со цел да се сврти вниманието на јавноста за тоа како да се открие, да се третира и да се спречи една од водечките причини за смртноста кај луѓето во светот. Унијата за меѓународна контрола на канцерот проценува дека секоја година над милион ипол животи би можело да бидат спасени доколку се прземат порешавачки мерки во борбата против ракот. Експертите велат дека ова заболување може да се одбегне со поумерен начин на живот. Според последните податоци на Светската здравствена организација од 2008 година, над 7 ипол милиони или 13 насто од смртните случаи во светот биле предизвикани од канцер.