Заедничка воена вежба на САД и Јужна Кореа

Јужна Кореа и Соединетите држави денеска почнаа воена вежба во близина на Корејскиот полуостров. Вежбата, како што е наведено, била планирана пред најавата на Северна Кореа дека во текот на овој месец планира да изведе нова нуклеарна проба. На тридневната вежба учествуваат 8 илјади американски и јужнокорејски војници, 20 бродови и подморници и околу 200 авиони.