Аврамопулос во посета на Франција

Шефот на грчката дипломатија Димитрис Аврамопулос

Шефот на грчката дипломатија Димитрис Аврамопулос денеска заминува во официјална посета на Париз по покана од францускиот колега Лоран Фабијус.
Тема на разговор ќе биде претстојната посета на францускиот претседател Франсоа Оланд на Грција. Грчките медиуми објавија дека Оланд ќе ја посети Атина на 18 февруари, при што ќе се разгледуваат можностите за француски инвестиции во Грција.