Трајко Вељаноски во САД

Претседателот на Собранието на Македонија Трајко Вељаноски

Претседателот на Собранието на Македонија Трајко Вељаноски е во посета на САД, во рамки на која се очекува да има средби во Њујорк и во Вашингтон.
Вељаноски денеска во Њујорк, ќе се сретне со генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун, а утре и со претседателот на Генералното собрание на ОН Вук Јеремиќ. Во Вашингтон, Вељаноски ќе присуствува на традиционалниот Молитвен појадок, кој го приредува американскиот претседател Барак Обама, а предвидено е да се сретне со претседавачот на Комисијата за поддршка на демократијата во Претставничкиот дом Дејвид Прајс и со други конгресмени, сенатори и претставници на Стејт департментот.