Средба во Лондон за мир во Авганистан


Барање начини да се обезбеди мир и стабилност во Авганистан ќе биде централна тема на трилатералната средба меѓу британскиот премиер, Дејвид Камерон и авганистанскиот и пакистанскиот претседател, Карзаи и Зардари, денеска во Лондон. Средбата доаѓа по зголемениот притисок врз Авганистан да постигне мировен договор со талибанските милитансти пред закажанотот повлекување на странските трупи до крајот на 2014 година.