ДОМ самостојно во трката за советници на локалните избори

Централниот одбор на ДОМ ја потврди одлуката на Извршниот одбор за самостоен настап на локалните избори. Претседателката на партијата Лилјана Поповска рече дека ДОМ ќе има околу 40 советнички листи, но ќе ги поддржи кандидатите за градоначалници од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.