Израел бара продолжување на меѓународниот притисок врз Иран

Израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак.

Израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак ја повика меѓународната заедница да продолжи со притисокот врз Техеран да обезбеди дека Иран не развива нуклеарно оружје. Зборувајќи денеска на последниот ден на Безбедносната конференција во Минхен, тој рече дека справувањето со Иран сега е помалку опасно и поевтино, и во економска смисла и во човечки животи, отколку справувањето со нуклеарно вооружен Иран, како што ќе биде во иднина. Барак рече дека Израел е сериозен во својата одлучност да го запре Иран и ќе „ги задржи сите опции на маса“ и оти очекува и од другите држави да го направат истото. На конференцијата учествуваат околу 400 високи дипломати и претставници од одбраната од ЕУ, САД, Русија и други земји.