Српско турско пријателство за мир на Балканот

Шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу во Белград

Шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу денеска во Белград изјави дека стратегиското пријателство меѓу Србија и Турција е важен механизам за стабилност и мир на Балканот. Тој по средбата со шефот на српската дипломатија Иван Мркиќ додаде дека Турција го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина и оти е подготвена да помогне.