За Хрватска нема да има пост-пристапен мониторинг

За Хрватска нема да има мониторинг по приклучувањето во ЕУ, изјави во Брисел хрватскиот министер за надворешни работи Весна Пусиќ, јави Хина.
Замолена да го искоментира предлогот на романскиот европратеник Моника Маковеј за воведување постпристапен мониторинг за Хрватска, Пусиќ рече дека Европа е слободен простор во кој секој може да зборува што сака.
Делумно заради тоа што овој мониторинг немаше ефект во Бугарија и Романија, Хрватска имаше различен модел на преговори, рече Пусиќ.