И „Вол Стрит Џурнал“ жртва на кинески хакери

„Вол Стрит Џурнал“ е вториот американски весник кој соопшти дека бил цел на кинески хакерски напад. Претходно и „Њујорк тајмс“ соопшти компјутерскиот систем му бил инфилтриран од кинески хакери откако објавиле текст во кој се пишува за огромното скриено богатсво на кинескиот премиер Вен Џиабао од над 2 милијарди и 200 милиони долари. Кинеското министерство за надворешни работи ваквите обвинувања ги отфрли како неосновани и неодговорни.