Најавена средба Бајден, Аврамопулос во Минхен

Грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос

Грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос од денеска ќе учествува на годишната конференција за безбедност во Минхен, на чии маргини ќе се сретне со американскиот потпретседател Џо Бајден. Тоа ќе биде прв контакт меѓу грчката Влада и администрацијата на Барак Обама по неговиот реизбор за претседател на САД. Грчкиот провладин весник „Катимерини“ пишува дека до ова доаѓа по последната рунда разговори во Њујорк на Метју Нимиц со амбасадорите Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис.