Ранет кандидат за претседател на Ерменија

Паруир Хајрикјан во болница во Ереван

Еден од кандидатите на претстојните претседателски избори во Ерменија Паруир Хајрикјан е ранет откако во него пукало непознато лице во центарот на главниот град Ереван. Роднина на Хајрикјан за Радио Слободна Европа изјави дека 63-годишниот опозициски лидер е погоден во рамото. Полицијата почна истрага за инцидентот.
Неколкумина политички лидери го посетиле Хајрикјан во болницата, меѓу кои и премиерот Тигран Саркисјан, кој го осудил нападот.
Хајрикјан е едн од осумте кандидати на претседателските избори што ќе бидат одржани на 18 февруари, на кои се очекува да победи актуелниот шеф на државата Серж Саркисјан.